Градинката ОЈУДГ „Младост“ почна со својата работа 1967 година, со првиот објект „Стара Градинка“.
Денес децата се распоредени во 6 објекти во 39 групи, 30 групи градинки, 7 групи јаслени и 2 хетерогени групи( Тетекс и Спортски центар) и тоа во следните објекти:
- Тетекс 1
- Адреса: ул „Браќа Миладинови“ бр. 1в
- Телефон: 044 331 765
- Објектот Тетекс 1 изграден е во 1973 година и има проектиран капацитет од 100 деца.
- Тетекс 2
- Адреса: ул „Браќа Миладинови“ бр. 1г
- Објектот Тетекс 2 изграден е во 1977 година и има проектиран капацитет од 110 деца.
- Стара Градинка
- Адреса: ул. „Бане Стефановски“ бр. 2
- Објектот Стара градинка изграден е во 1967 година како прва градинка во град Тетово и има проектиран капацитет од 90 деца.
- Спортски Центар
- Адреса: ул. „Лубо Божиновски Пиш“ бр. 82
- Објектот Спортски центар изграден е во 1983 година и има проектиран капацитет од 145 деца.
- Поток
- Адреса: ул. „Крушевска Република“ бр. 383
- Објектот Поток изграден е во 1982 година и има проектиран капацитет од 151 деца.
- Риниа
- Адреса: с. Џепчиште
- Објектот Риниа – Џепчиште изграден е во 2017 година и има проектиран капацитет од 45 деца.
Во склоп на ОЈУДГ Младост – Тетово функционираат и Центрите за ран детски разврој и групите во други просторни услови и тоа:
- ЦДР – Шипковица
- ЦДР – г. Речица-2 групи
- ЦДР – ОУ Кирил и Методиј-2 групи
- ЦДР – Поток
- ЦДР – с.Бродец
- ЦДР – ОУ Миѓени
- ГДПУ – с. Сараќино (во изградба)
- ГДПУ – с. Боговиње-една хетерогена група
- ГДПУ – с. Нераште
Педагошка документација и евиденција
Работата на Установата се документира во Дневник за работа на детската градинка/центарот за ран детски развој, а децата се евидентираат во Главна книга за деца.
Воспитно – образовната работа се документира и евидентира во Дневник за работа на воспитна група во хартиена и електронска форма и Дневник за работа на воспитна група до две годишна возраст во хартиена форма. Развојот за секое дете од 2 – 6 годишни се следи и евидентира во Досие за дете (развојно портфолио).