Slide Slide Slide

Плаќање

Внесете го матичниот број на детето и контакт email адреса




?



Служба за поддршка на корисници: 331765; [email protected]; Работно време: секој работен ден 8:00 - 16:00

За нас

Градинката ОЈУДГ „Младост“ почна со својата работа 1967 година, со првиот објект „Стара Градинка“.

Територијално е лоцирана во општина Тетово.

Градинката згрижува 824 деца, што е повисока бројка од нејзините капацитети.

Визија

ГРАДИНКА ПО МЕРКА НА ДЕТЕТО во која детето се чувствува среќно, сигурно и заштитено, градинка во која детето учи, расте и се развива – ДЕТСКА КУЌА ЗА РАДОСНО И СРЕЌНО ДЕТСТВО.

Мисија

Максимална искористеност на објектите со максимален опфат на децата со програма дизајнирана според современите трендови и најновите научни сознанија од областа на раниот детски развој.

Објекти

Децата се распоредени во 6 објекти во 35 групи, 25 групи градинки и 10 групи јаслени и тоа во следните објекти:

  1. Тетекс 1
    • Адреса: ул „Браќа Миладинови“ бр. 1в
    • Телефон: 044 331 765
    • Објектот Тетекс 1 изграден е во 1973 година и има проектиран капацитет од 100 деца.
  2. Тетекс 2
    • Адреса: ул „Браќа Миладинови“ бр. 1г
    • Објектот Тетекс 2 изграден е во 1977 година и има проектиран капацитет од 110 деца.
  3. Стара Градинка
    • Адреса: ул. „Бане Стефановски“ бр. 2
    • Објектот Стара градинка изграден е во 1967 година како прва градинка во град Тетово и има проектиран капацитет од 90 деца.
  4. Спортски Центар
    • Адреса: ул. „Лубо Божиновски Пиш“ бр. 82
    • Објектот Спортски центар изграден е во 1983 година и има проектиран капацитет од 120 деца.
  5. Поток
    • Адреса: ул. „Крушевска Република“ бр. 383
    • Објектот Поток изграден е во 1982 година и има проектиран капацитет од 120 деца.
  6. Риниа
    • Адреса: с. Џепчиште
    • Објектот Риниа – Џепчиште изграден е во 2017 година и има проектиран капацитет од 45 деца.

Градинката запишува деца од 9 месечна возраст до 6 години.

Сите објекти располагаат со пространи занимални, уредени холови и дворови опремени со спортски реквизити.

Во градинката се работи со две смени:

  1. Прва смена работи од 06:00 до 16:00 часот
  2. Втора смена работи од 11:00 до 19:00 часот.

Во градинката „Младост“ воспитно – образовната работа се реализира според програмата за рано учење и развој која се темели на стандардите за рано учење и развој.

Во склоп на ОЈУДГ Младост – Тетово функционираат и Центрите за ран детски разврој и групите во други просторни услови и тоа:

  • ЦДР – Шипковица
  • ЦДР – Селце
  • ЦДР – г. Речица
  • ЦДР – ОУ Кирил и Методиј
  • ЦДР – Поток
  • ЦДР – с.Бродец
  • ЦДР – с. Гајре
  • ЦДР – с. Лисец
  • ЦДР – ОУ Миѓени
  • ГДПУ – с. Сараќино (во изградба)
  • ГДПУ – с. Боговиње
  • ГДПУ – с. Нераште

Општи услови и политики за користење

ОЈУДГ Младост ќе се залага за достапност на својата интернет страна www.mladost-rinia.mk 24 часа во денот / 7 дена во неделата.

Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на институцијата, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.

Сите податоци и информации објавени на нашата веб страна се од информативен карактер и за истите ОЈУДГ Младост го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната www.mladost-rinia.mk е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нашата интернет страната.

Политикатата на приватност се однесува на собирање, обработка, пристап и објавување на лични податоци кои градинката ги собира и обработува од своите коминтенти – деца и нивни родители. Оваа политика на приватност се однесува само за www.mladost-rinia.mk и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.

При користење на нашата веб страна за пристап до јавни информации, ние не собираме никакви информации од нашите корисници.

Во случај кога корисник (родител на дете) на наши услуги ја користат услугата за електронско плаќање на претходно издадени фактури за користење на наши услуги,  истиот потребно е да внесе:

  • ЕМБГ од детето
  • E-mail адреса на која ќе му биде испратена потврда за успешна / неуспешна трансакција
  • Прифаќање на општи услови и политики за користење
  • Прифаќање на електронска достава на фактури

ЕМБГ и e-mail адресата се користи за пребарување низ нашата база на податоци со цел на пронаоѓање на неплатени фактури, и истите не се собираат во нашата база на податоци. Доколку корисникот внесе точна комбинација на матичен број и e-mail, истиот ќе добие повратно податоци за коминтентот и листа на неплатени фактури. Секој корисник при плаќање на фактури за претстој на деца во градинка, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

ОЈУДГ Младост го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки. ОЈУДГ Младост има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите.

Целата комуникација која се одвива помеѓу пребарувачот на корисникот и нашиот веб сервер се одвива преку сигурна конекција, и не може да биде пресретната или променета од трета страна.

Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Тутунска банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Повеќе информации во врска со прашања од Политика за приватност на нашата институција и заштита на лични податоци може да се добие од Офицерот за заштита на лични податоци Ратко Бошковски на тел. Повеќе информации во врска со прашања од Политика за приватност на нашата институција и заштита на лични податоци може да се добие од Офицерот за заштита на лични податоци Ратко Бошковски на тел. 044 331 765.

Пристапот до нашите услуги се регулира преку меѓусебен писмен договор помеѓу институцијата и корисниците на услугите.
За услугите кои корисниците ги имаат искористено во претходниот месец се издава месечна фактура. Градинката не издава авансни фактури.
За да биде платена било која фактура преку електронски пат, потребно е корисникот да помине неколку чекори, при што треба изрично да ги избере фактурите кои сака да ги плати, како и изрично да ги прифати условите и политиките за да се изврши било какво плаќање.

Во случај кога заради евентуална човечка или техничка грешка, ќе настане погрешно плаќање, уплатувачот треба да нѐ контактира по e-mail или телефон, при што треба изрично да ги наведе датумот и износот на погрешните уплати, а градинката во најкраток ќе изврши поврат на истите на картичка на уплатувачот.

Офицер за заштита на лични податоци

Име и презиме: Бесјан Нуредини

E-маил: [email protected]

Telefon: 078 338 054

Контакт

Назив: Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Младост“ – Тетово

ЕМБ: 4035313

ЕДБ: MK4028979108660

Адреса: ул. „Браќа Миладинови“ бр. 1в, 1200 Тетово

Телефон: 044 331 765

Email: [email protected]