Згрижување е институционално организирано прифаќање и престој на деца од 8 месеци до 6 години. Тоа опфаќа: нега и исхрана, одмор и превентивно – здравствени активности.

Cекојдневните активности  се однесуваат на:

  • Нега и исхрана на децата –  со правилно негување и хранење на детето ќе се придонесе за правилен физички раст и развој на детето, а со тоа се развиваат навиките за исхрана и одржување на хигиената.    

 – Грижа за здравјето и физичкиот развој на детето – за здравјето на децата од јаслена возраст секојдневно се грижи педагошко-медицинската сестра, негователка, а во градинските групи воспитувач и негователка кои водат сметка за одржување и развивање на основните навики и хигиената, за правилно земање на храна и за редовно вршење на физиолошките потреби, како и потреби за физичко движење.     

– Престој на свеж воздух – секогаш кога задоволуваат временските услови.         

– Дневен одмор – спиење, го зајакнува менталното здравје и детскиот организам; децата спијат во проветрена просторија, во посебни креветчиња, а должината на спиењето зависи од возраста на детето. Подготовките за дневен одмор и станувањето овозможуваат формирање и утврдување на работните навики за самопослужување, одржување на лична хигиена и уредност.

 Јаслени групи има во сите градски објекти,градински групи има во сите објекти како и во центрите за Ран детски развој.