Со започнување на згрижувачко воспитната година посебно внимание се обврнува на исхраната на децата и делосно почитување на членовите 66 и 67 од Правилникот за стандарди и нормативи за вршење на дејноста на установата за деца.

Храната која се подготвува за децата во нашата градинка е здрава,оптимална и балансирана со биолошки вредни прехрамбрени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби,квалитативен и квантитативен внес на макро о микро нутритивни материи сом што же се обезбеди хармоничен раст и развој на детето како и превенции од заболувања.

Децата кои имаат одредени здраствени проблеми и истите неможе да ја консумираат подготвената храна согласно дадената листа,се ставаат на посебен приод и режим на дневна исхрана.

За деца алергични на некои видови храна или глутен кога родителот со медицинска потврда ќе ја докаже потребата од посебна исхрана.Раководното лице на установата ги информира одговорните лице кои се во непосреден контакт за состојбата на детето и што треба да се преземе во случај на напад од алероген и истото се става на посебен режим на исхрана.

 ИСХРАНА НА ДЕЦА ОД 8 МЕСЕЦИ ДО 2 ГОДИНИ

Планираните оброци се специфични за нивната возраст бидејќи се базирани на мајчино млеко и адаптирано млеки,и се состои од четири до пет оброци дневно во зависност од потребите на детето.

ИСХРАНА НА ДЕЦА ОД  2 ДО 6 ГОДИНИ

Дневната исхрана се состои од четири оброци: појадоки,ручек и две ужини.

ИСХРАНА НА ДЕЦА ОД  ЦЕНТРИТЕ НА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ

Оваа форма на работа со деца од 3-6 години опфаќа згрижување и реализирање на воспитно – образовни активности во временски период од три (3) часа дневно и не е предвидена исхрана за децата.

ИСХРАНА НА ГРУПИТЕ ВО ДРУГИ ПРОСТОРНИ УСЛОВИ

Во овие групи децата добиваат еден оброк поради скратениот престој во градинката.