1. Стручни органи

Стручниот совет на установата го сочинуваат директорот, стручните работници, како и преставници на вработените кои вршат стручни работи – по еден преставник од Советот на воспитувачи и Совет на негователи на ниво на секој објект.

Во текот на годината тој ќе ги реализира следните задачи:

   – формирање воспитно – образовни групи;

   – разгледување Годишна програма за работа на установата и посебни планови за работа;

   – разгледување на актуелна стручна литература и периодика;

   – разгледување и усвојување новини во работата;

   – разгледување и усвојување, годишна програма за стручно усовршување на кадарот и работа на стручните тела;

   – решавање прашања од витално значење за градинката и сл.

2. Совет на воспитувачи

    Советот на воспитувачи го сочинуваат сите воспитувачки од установата и истиот во текот на годината преку редовните средби ќе разгледува прашања од различни области кои произлегуваат од спецификата на работа, но и од моментално актуелни проблеми како:

   – Поделба на посебни задолженија по градинки како и естетско и функционално  уредување на просторот;

   – Организирање на родителски средби и работилници по одредени теми важни за развојот на детето;

   – Планирање и реализација на културно-забавниот живот, приредби, прослави и манифестации;

   – Разгледување и усвојување на извештаи, анализи, резултати од воведени новини и сл.;

   – Следење на непосредната работа со децата; 

   – Усовршување на воспитно – образовниот процес;

   – Учество на стручни собири – стручно усовршување;

   – Јакнење на соработката кај кадарот – работа во тимови; 

   – Оплеменување на ентериерот и екстериерот на градинката; 

   – Пренесување искуства од непосредната работа со децата; 

   – Разработки на теми и литература поврзани со некоја моментално актуелна проблематика во воспитно-образовната работа

3. Совет на негователи

Советот на негуватели го сочинуваат негувателите вработени во установата и со него раководи директорот на градинката. Во текот на годината советот на негуватели ќе разгледува и решава прашања од згрижувачко-воспитен и превентивно-здравствен карактер. Активности кои ги извршува Советот на негователи се следниве:

   – Го усогласува работењето на негувателите во установата;

   – Ја реализира програмата за стручно усовршување на негувателите во установата;

   – Разгледува содржини за работа согласно програмата за работа;

   – Соработува со стручниот совет, советот на воспитувачи и советот на родители.

 Советувалиште за деца и родители

      Со цел градење и унапредување на установата,  согласно член 169 став 2 од Законот за заштита на децата, од учебната 2015/2016 год. Во градинката започна да функционира Советувалиште за деца и родители ,, Чекориме заедно “.

Работата во советувалиштето ја врши стручен тим составен од педагог, психолог, социјален работник, дефектолог, стоматолог и воспитува. Главна цел ќе биде врската помеѓу градинката и семејството да се гради и зајакнува преку поттикнување и унапредување на континуирана, квалитетна двонасочна комуникација.

 Развивањето на партнерски односи со семејството како главна цел ќе има:

   – Давање стручна поддршка во обезбедувањето оптимални услови за развој на детето во семејната средина преку организирање превентивни активности;

   – Заедничко решавање на проблеми во воспитувањето и развојот на децата преку организирање активности за помош;

   – Јакнење на родителските компетенции преку стекнување и дополнување на знаења и вештини потребни за грижа и воспитување на децата во семејството.

Советувалиштето ќе има за цел да пружи целосна подршка на родителите и да даде стручна помош при решавањето на сите проблеми и нејаснотии кои се поврзани за престојот на детето во градинка, но и помош и совет за животот на детето во семејството.Целосно ќе работи на надминување на проблемите што се јавуваат кај децата и ќе обезбедува стручна помош при нивното прилагодување на условите во градинката.