Јаслите како најорганизиран облик на општественото воспитување на децата во текот на првите 2 години од нивниот живот, обезбедуваат добри услови за развиток на децата, соодветна едукативна средина, како и  простор за игра, адекватна исхрана, здравствена заштита и ментална хигиена.

Организацијата на престојот и животот на децата во јаслените групи е во согласност со Националната Програма за рано учење и развој која и оваа возрасна категорија деца воспитно – образовно и развојно ја третира според Стандардите за рано учење и развој. 

Cекојдневните активности во јаслените групи се однесуваат на:

– Нега и исхрана на децата – За да се задоволат организационите потреби на детето, потребно е правилно да се спроведува нега и хранење. Со правилно негување и хранење на детето ќе се придонесе за правилен физички раст и развој на детето, а со тоа се развиваат навиките за исхрана и одржување на хигиената.  Cе настојува да се одржува емоционална врска на децата со педагошко-медицинската сестра, односно негователката која претставува битен услов за правилно, успешно хранење.   

 – Грижа за здравјето и физичкиот развој на детето – за здравјето на децата од јаслена возраст секојдневно се грижи педагошко-медицинската сестра, негователка.  Во услови на колективен живот во детските јасли се води сметка да се овозможи нормално растење и развивање на органите и нивната функцуја, да се зајакнува телесното здравје и да се заштитат од заболувања и повреди. Во нашата градинка се води сметка за одржување и развивање на основните навики и хигиената, за правилно земање на храна и за редовно вршење на физиолошките потреби, како и потреби за физичко движење. Секогаш кога задоволуваат временските услови децата се носат на свеж воздух.   

  – Грижа за психичкиот и интелектуалниот развој на децата во јасли – за правилен психички и интелектуален развој, неопходно е потребно сестрано организирано, планско и специфично воспитно влијание на децата. Децата од оваа возраст прифаќаат одредени воспитно образовни активности кога за тоа е посебно насочено и стимулирано. За тоа ќе се настојува играта да биде правилно избрана и искористена – творечки, подвижни, конструктивни и истите ќе бидат предводени од педагошко-медицинските сестри. Низ секојдневната игра ќе се придонесе за социо-емоционалниот развој, развој на движењата и говорот, а преку манипулативните игри ќе се развиваат сетилните перцепции. 

 – Организирање на воспитни активности со децата – овие активности се планираат и реализираат во согласност со интелектуалните можности и потенцијали на детето до 2 годишна возраст. Секако дека тие се спонтани, индивидуални преку детската игра. Тука се планирааат разновидни симболични, функционални, дидактички, творечки и подвижни игри преку кои се богати детското искуство.