Детската градинка запишува и прима деца преку целата година за престој на деца од предучилишна (од 0-6 години) и училишна возраст (6-10 год).

Запишувањето/приемот на дете започнува со аплицирање во електронска форма, на маил или во управата на градинката.

Барање за прием на деца содржи:

  • Податоци за дете: име, презиме, дата на раѓање, матичен број и објект за престој на детето;
  • Податоци за родители/старатели: име и презиме на родители/старатели, адреса на живеење, број на лична карта, телефон за контакт, e-mail адреса, стручна подготовка, работно место и фирма/институција каде работи.

 Комисија за прием на деца се состанува еднаш во месецот, ги разгледува апликациите и врши прием на деца според одредени критериуми.По извршениот прием комисијата во писмена форма на влезовите на објектите и телефонски ги известува родителите.

Доколку детето е примено, родителот е должен во рок од 30 дена да се јави во Управата и да отпочне со подготовки за собирање податоци: , потврда за вакцинален статус, врз основа на кои матичниот лекар дава потврда за здравствената состојба на детето.

Правата и обврските на градинката и корисникот на услугите се уредени со Договорот, во кој особено се регулирани меѓусебните односи на давателот на услугата – Установа и корисник на услугата – родител/старател, начинот на плаќањето, изборот на програмата, должината на престојот на детето во установата и други прашања во поглед на заштита на детето и дејноста на градинката.

За престој на деца во Центар за ран детски развој, и деца Роми кои се вклучени во Проект „Инклузија на деца роми во јавни детски установи-детска градинка“, родител/старател потпишува посебен договор за прием, бидејќи престојот на детето е бесплатен.

Префрлување на дете од еден во друг објект

За префрлување на дете од еден во друг објект, родителот/старателот, во пишана форма   наведува од кој и во кој објект детето се префрлува и причината за префрлување на детето.

Барањето го разгледува и по него одлучува Комисија за прием на деца. За позитивно решено телефонски  се известува родителот/старателот.

За префрлување на деца од предучилишна во училишна група постапкате е потполно иста.

Испишување на дете од градинка

При отпишување на детето од градинка родителот/стартелот има обврска навремено да ја извести негувателката и воспитувачката од групата каде престојува детето. Договорот се раскинува во Управата со предходно измирени обврски за престој на детето во градинка.